26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair објави раст на добивката, но предупреди за зголемени трошоци

Ryanair објави раст на добивката, но предупреди за зголемени трошоци

Ирската авионска компанија „Ryanair“ забележа годишен раст на профитот, но предупреди дека повисоките трошоци ќе ја направат претстојната година потешка.

Превозникот објави 10% раст на добивката за годината до крајот на 31-ви март, достигнувајќи 1,45 милијарди евра. Прогнозите сепак се негативни – очекувањата се профитот да се намали со до 14% во текот на следната година до март, соопштува „Bloomberg“.

Во исто време компанијата очекува повисоките цени на керозин да го зголемат притисокот во краток рок, но можат да се покажат како корисни, а ќе ги елиминираат конкурентните компании. „Некои од овие компании кои се во загуба и не можеа да заработат пари, кога нафтата беше 40 долари за барел, сигурно нема да преживеат“, изјави главниот извршен директор на превозникот Мајкл Олири пред медиумите.

Според пресметките на компанијата, во следните 12 месеци, профитот ќе се намали на 1,25 до 1,35 милијарди евра. Ова вклучува повисоки трошоци за екипаж, кои се зголемија за 100 милијарди евра, велат во прогнозата.

„Ryanair“ мораше да ја откаже над 20.000 летови во септември, откако проблеми со распоредот на екипажот предизвикаа недостиг на персонал за сите летови на компанијата. Таа мораше да ги обнови парите за своите патници и да започне преговори со синдикатите по првиот штрајк на нејзините вработени во нејзината историја.

Сепак, најголемиот превозник со ниски трошоци во Европа објави дека има зголемување на бројот на патници кои ги користеле услугите на компанијата во минатата година. Тие пораснаа за 9% на 130,3 милиони луѓе. Ова се должи на пониските цени, при што Германија, Италија и Шпанија се трите најголеми пазари за раст, објави „ВВС“.

Превозникот очекува следната година зголемувањето на патниците да е 7%, но предупреди дека може да има раст од 9% на трошоците, вклучувајќи поради платите на вработените и повисоките цени на горивата. Сепак, се предвидува дека тарифите ќе останат непроменети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП