6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОJуве гради комплекс вреден 345 милиони евра

Jуве гради комплекс вреден 345 милиони евра

area-stadio-juventus-juventus-stadium-continassa-regalo

Италијанскиот шампион Јувентус ќе гради своја цитадела, нешто како кварт каде сите кадри на „бјанконерите” ќе можат да ги вршат своите должности во одлични услови. Планираниот комплекс на Јуве ќе биде изграден на површина од 180.000 квадратни метри, а парите кои се потребни за најамбициозниот проект изнесуваат околу 345 милиони евра. 185 милиони од споменатата сума ќе бидат платени од „старата дама“, а другите 160 милиони ќе бидат обезбедени од тројца инвеститори.

„Ќе изградиме нова фудбалска академија по моделот на оние на Баерн Минхен, Барселона и Реал Мадрид, кои во моментов се најдобрите во Европа. Се надевам наскоро и нашата база ќе се најде рамо до рамо со најдобрите и ќе служи за пример на другите клубови “, објави членот одборот на Јуве, Алдо Мација.

Тој додаде дека новиот музеј на „бјанконерите“ кој беше отворен пред една година има по 2300 посетители на ден, а прометот  за последните 12 месеци изнесува 2 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП