Данската компанија „А.Р. Moller – Mаеrsk Gruppen“ најави дека планира да ги прекине активностите во Иран по одлуката на САД да продолжат санкциите против Иран, пренесоа светските агенции.
„Maеrsk“ се занимава со товар и транспорт, работи исто во областа на рударството и преносот на енергетски ресурси.
„Со американските санкции е невозможно да се прави бизнис во Иран, ако имате и бизнис во САД“, рече за „Ројтерс“ генералниот директор на компанијата, Сорен Скоу.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 8-ми мај објави дека Вашингтон излегува од иранскиот договор за нуклеарна програма. Тој вети дека не само што ќе ги врати старите, туку и ќе воведе нови рестриктивни мерки.
„Ќе ги почитуваме нашите договори со клиентите склучени пред 8-ми мај и ќе следиме да бидат исполнети пред 4-ти ноември, како што бараат американските санкции“, се вели во соопштение „Maеrsk“.