23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДали сте заинтересирни за почеток на кариера во интернационалниот ланец на ресторани...

Дали сте заинтересирни за почеток на кариера во интернационалниот ланец на ресторани КФЦ?!

Американскиот интернационален бренд KFC официјално најавува влез на македонскиот пазар.

На 16.05.2018 е објавен оглас за повеќе работни позиции во рестораните кои ќе се отвараат во Сити Мол, Скопје и Палма Мол, Тетово.

“Сега се шириме во Македонија и сме во потрага по квалификувани кандидати кои ги делат со нас: нашата визија, вредности, посветеност кон вработените и нашиот супериорен начин на задоволување на потребите на нашите потрошувачи. Планираме да отвориме повеќе од 10 ресторани во Македонија и да овозможиме еднаква шанса на сите да се развиваат на професионално ниво” – стои во огласот објавен од КАН Интернатионал ДООЕЛ.

KFC е лидер во подготовка и послужување на пилешко. Еден од најголемите ланци на ресторани во светот со повеќе од 20,000 ресторани во повеќе од 100 држави. Ресторанот го нуди познатион заштитен рецепт на Colonel Sanders за пилешко од кое се прават пилешки сендвичи, врапови, бургери и други пилешки специјалитети познати за овој ресторан.. KFC е дел од групацијата YUM! под која оперираат Pizza Hut и Taco Bell.

Сите заинтересирани кандидати за работно место во рестораните кои кје се отвараат наскоро во Скопје и Тетово можат да аплицираат тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП