18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon го зголемува својот бруто профит со одлично темпо

Amazon го зголемува својот бруто профит со одлично темпо

Една од работите која расте во бизнисот на „Amazon“ е неговата профитна маргина. Во првиот квартал компанијата генерирала 1,6 милијарди долари нето добивка – повеќе од два пати во однос на минатата година и вториот квартал во историјата на компанијата во кој профитот надминува 1 милијарда долари.

Оваа промена делумно се должи на растот на бруто-добивката на „Amazon“ – парите оставени по отстранување на фиксните трошоци, потенцира „CNBC“.

За да ја илустрира оваа промена „Morgan Stanley“ го споредува растот на годишна основа на бруто маржата на „Amazon“ со она што петте топ трговци се очекува да ја генерираат вкупно.

Разликата е неверојатна: „Amazon“ го зголеми својот бруто профит до 7 милијарди долари во првиот квартал. Ова е речиси пет пати поголем раст на бруто-добивката која „Morgan Stanley“ ја очекува од петте најголеми трговци во комбинација.

Зголемувањето на бруто профитот е важно затоа што и дава на компанијата поголеми можности за инвестирање и проширување на бизнисот. „Amazon“ расте брзо во нови области, како прехранбените стоки (преку купувањето на „Whole Foods“), хардверот, вештачката интелигенција и здравствените технологии. Тоа може да користи за зголемувањето на маргината за да се ре-инвестираа во својот основен бизнис, така што ќе вработува повеќе инженери, ќе ги засилува истражувањата и развојот и ќе троши повеќе за маркетинг.

Бруто профитната маргина на „Amazon“ постојано растеше во текот на изминатите неколку години. Откако се движеше околу 30 отсто во текот на изминатите две години, за првпат во првиот квартал од годината достигна 40 отсто.

Ова е многу повеќе од исходот на конкурентите во трговијата на мало. Во последното тримесечје, „Walmart“ генерираше бруто профитна маргина од 25 отсто, а онаа на „Target“ е 24 отсто. Стапката на „Costco“ е многу помала – 13 отсто. „Morgan Stanley“ очекува бруто маргина на „Amazon“ да достигне 42% до 2021-ва година.

„Morgan Stanley“ наведува во посебна забелешка дека високомаржниот бизнис на „Amazon“, како „Amazon Web Services“, рекламите и претплатите за „Prime“, се главните фактори зад оваа промена. И трите бизнис потфати се радуваат на забрзување на растот и се оценува дека донеле речиси 3.5 милијарди долари кон бруто добивка во последниот квартал.

Уште поважно, растот на бруто профитот докажува дека претходните инвестиции на „Amazon“ се исплаќаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП