14 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦукерберг заработил околу 6 милиони долари дневно во својот живот

Цукерберг заработил околу 6 милиони долари дневно во својот живот

Главниот извршен директор на „Facebook“, Марк Цукерберг вчера наполни 34 години (14.05.1984), борејќи се со една од најтешките години во својата кариера во компанијата. Причината за тоа се проблемите со лажните вести и обвинувањата за неуспех во заштитата на личните податоци на корисниците, пишува „CNBC“.

Но, бидејќи ја создава компанијата уште додека е на колеџ, тој веќе има собрано значително богатство и покрај нејзината млада возраст. Неговото нето богатство се проценува на околу 74 милијарди долари (според „Forbes“), што значи дека има заработено во просек по 5,97 милиони долари на ден. Тоа го рангираше на второ место по основачот на „Amazon“, Џеф Безос, чие богатство од 132 милијарди долари значи дека заработил по 6,8 милиони долари секој ден од својот живот.

Други технолошки претприемачи, како ко-основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс, исто така ја почнува кариерата како млад. Гејтс стана најмладиот милијардер во историјата во 1987-ма година, кога ја заработи првата милијарда на 31-годишна возраст.

Но, со текот на времето, го сврте своето внимание кон филантропијата. Сега може да се каже дека 62-годишниот Гејтс заработил во просек по 4 милиони долари на ден во својот живот.

Ворен Бафет, кој go вети поголемиот дел од своето богатство на фондацијата на Гејтс, заработил по 2,7 милиони долари на ден. Тој има 87 години.

Цукерберг исто насочи многу голем дел од својето богатство на различни каузи во последниве години. Тој продаде акции на „Facebook“ за околу 3,38 милијарди долари во последните шест месеци, посочува „FactSet“. Повеќето средства се за „Chan Zuckerberg Initiative“ која инвестира во различни каузи, вклучувајќи go образованието, здравството, имиграциската реформа и друго.

Во септември Цукерберг изјави дека ќе продаде околу 75 милиони акции во „Facebook“ (тогаш во висина од 12,8 милијарди долари), за да ја финансира хуманитарната организација во следните 18 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП