7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJapan Airlines ќе привлекува странски туристи со нискотарифна компанија

Japan Airlines ќе привлекува странски туристи со нискотарифна компанија

Јапонскиот авиопревозник „Japan Airlines“ пласира на пазарот нискотарифна авиокомпанија кој нуди летови на средни до големи растојанија, со цел да одговори на растечката азиска побарувачка за нискобуџетни патувања, соопшти „Ројтерс“.

Новата авиокомпанија ќе се базира на „Narita International Airport“ и ќе понуди летови до Азија, Европа и Америка.

Компанијата се уште нема име, но треба да почне со работа во летото 2020-та со два авиони „Boeing 787-8“.

„Japan Airlines“ ќе инвестира меѓу 10 и 20 милијарди јени (91,44 милиони долари до 182,88 милиони долари) во бизнисот за да ја постигне профитабилност во рок од три години од лансирањето.

Нискобуџетните летови не се толку широко распространети во Јапонија, каде што доминираат превозници со широк спектар на услуги како „JAL“ и „ANA Holdings“. Земјата, исто така, има комплексни високо-брзински железнички мрежи. Меѓутоа, со зголемениот број азиски патници, двете јапонски авиокомпании се обидуваат да ги прошират своите поевтини понуди.

„Авиокомпаниите со целосна услуга обично имаат високи трошоци, но во Јапонија ова е особено карактеристично“, рече Вил Хортон, виш аналитичар во компанија за истражување „CAPA Center for Aviation“. „Јапонија има потреба од нови платформи за да привлче странски посетители“, додаде тој.

„ANA“ соопшти дека ќе отпочне транспорт на среден сообраќај со интегрирање на своите евтини превозници под брендот „Peach“.

За разлика од неа „JAL“ поседува само малцински удел во „Jetstar Japan“, заедничка компанија со брендот „Jetstar“ на „Qantas Airways“, нудејќи низокобуџетни летови. Од „JAL“ велат дека ќе продолжат да инвестира во „Jetstar Japan“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП