19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDropbox ги надмина очекувањата на Wall Street

Dropbox ги надмина очекувањата на Wall Street

Американскиот технолошки концерн „Dropbox“ успеа да ги надмине очекувањата на Wall Street по своите први квартални резултати како јавна компанија.

„Dropbox Inc.“ додаде околу половина милион клиенти претплатници во првиот квартал, што помогна на давателот на складишта за податоци да го зголеми профитот за 28% во првиот финансиски извештај како јавно се тргува компанија.

Иако секој може да го користи „Dropbox“ бесплатно, растот на компанијата зависи од тоа колку луѓе се претплаќаат за нејзините премиум инструменти. На крајот на кварталот „Dropbox“ имаше 11,5 милиони корисници кои плаќаат за услугите, што е за околу 24% повеќе од пред една година.

„Dropbox“ изјави дека има повеќе од 500 милиони регистрирани корисници, како на своите слободни, така и на платените услуги.

Тоа и помогна на компанијата од Сан Франциско да го зголеми просечниот приход кој го генерира од секој претплатник, до 114,30 долари, што е за 3,2% повеќе во однос на првиот квартал на 2017-та година.

Генерално „Dropbox“ заблежа загуба во износ од 465,5 милиони долари во споредба со 33,1 милиони долари една година порано, се должи на голем пораст на надоместокот во акции последица на јавната понуда во март. Приходите се зголемија на 316,3 милиони долари од 247,9 милиони долари. Поправените приходи достигнаа 8 центи по акција.

Аналитичарите, анкетирани од „S & P Global Market Intelligence“, очекуваа „Dropbox“ да отчeтe приходи во износ од 309,2 милиони долари и приспособен профит од 5 центи по акција.

Растот на приходите се должи главно на големиот број луѓе кои плаќаат за премиум услугите, како и на зголемувањето на просечната големина на приходите од корисник, изјави главниот извршен директор Дру Хјустон за време на конференциски повик со аналитичари доцна во четвртокот, цитиран од „Волстрит џурнал“.

Компанијата вели дека очекува приходите во тековното тромесечје да се движи меѓу 328 милиони до 331 милиони долари. Тоа е малку повеќе од очекуваните 324,9 милиони долари од аналитичарите на „Wall Street“, според анкетата на „Thomson Reuters“. Компанијата очекува годишен приход од меѓу 1,34 милијарди долари и 1,36 милијарди долари, додека очекувањата на аналитичарите се за 1,33 милијарди долари.

„Dropbox“ доби 756 милиони долари при своето „IPO“, во прилог на 100 милиони долари кои „Salesforce.com Inc.“ ги инвестира во компанијата преку приватно пласирање токму пред нејзиното берзанско деби.

Акциите „Dropbox“ паднаа за повеќе од 4% во пост-тргувањето. Акциите поскапеа за 36% во првиот ден од тргувањето и поскапувањето и во текот на неделата. Во четвртокот тие ја завршија редовната седница со раст од 1,9 отсто до 32 долари за акција.

Како многу од технолошките компании, кои стануваат јавни, 11-годишната компанија никогаш нема остварено годишен профит. Иако загубата се намалува, „Dropbox“ откри во својата јавна понуда дека растот на приходите исто така се забавува.

Таа се соочува со интензивна конкуренција. Во однос на приватните клиенти „Dropbox“ се бори со „Apple Inc.“ и „Alphabet Inc.“ да обезбеди складирање на документи и фотографии. Оваа конкуренција ја принуди компанијата да се фокусира на обезбедување на услуги за чување и соработка на бизнисот, се поголем пазар, но на кој „Microsoft Corp.“ и „Box Inc.“ тие веќе влегуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП