25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-AMG претстави нов супер автомобил (фото)

Mercedes-AMG претстави нов супер автомобил (фото)

Германскиот производител „Mercedes-AMG“ претстави топ-верзијата на моделот „GT“. Таа се нарекува „GT 63 S Edition 1“, а е базирана на стандардната „GT 63 S“, но се разликува значително од неа, како по надворешноста, така и по ентериерот.

Моделот „GT 63 S Edition 1“ е опремен со пакетот „AMG Aerodynamics Package“, кој додава голем преден сплитер, нов дифузер и рачно прилагодување на задниот спојлер. Овие елементи го намалуваат коефициентот на влечење и ја зголемуваат притисочната сила. Сепак, колку точно, овој податок не е објавен.

Другите надворешни одлики кај „Edition 1“ се мат-сиви линии „AMG“ на каросеријата, специјалната боја „Designo Graphite Magno“, а исто така и специјалните тркала кои се боени во комбинација на мат-црна и сребрена боја.

Во кабината се користат скапи кожи – сива „Magma“ и црна „Nappa“ со контрастни жолти ленти. Поставен е и волан „AMG“, направен од микрофибер, како и специјални елементи, кои укажуваат на серијата „Edition 1“. Има и дополтителни карбонски детали, жолти појаси и специјални педали.

Под хаубата е сместен 4,0-литарски V8 мотор „M178“, чија моќност кај основната варијанта е 630 КС и 900 Nm. Моторот се комбинира со 9-степен автоматски менувач „AMG“ и систем за погон на четири тркала „4Matic +“. Оваа комбинација овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,2 секунди и максимална брзина од 315 км/ч.

Светската премиера на „Mercedes-AMG GT 63 S Edition 1“ ќе се одржи за време на трката „ADAC Zurich 24h“, која викендов ќе се одржи на патеката „Нирбургринг“. Нарачките започнаа во октомври, а моделот ќе се продава само една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП