21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИМаск купил акции на Tesla за скоро 10 милиони долари

Маск купил акции на Tesla за скоро 10 милиони долари

Главниот извршен директор на „Tesla“, Илон Маск купи акции на компанијата за околу 9.85 милиони долари што беше неговото најголемо купување од март 2017-та година.

Маск и пред тоа беше најголемиот акционер во компанијата, но уделот веќе му се приближува до 20%, покажуваат податоците на „Bloomberg“.

Купувањето доаѓа неколку дена откако Маск се „зајаде“ со купени акциите на „Tesla“ со голем број на пораки на „Twitter“ во врска со начинот на кој се однесувал со аналитичарите во минатата недела.

Тој вети дека ќе ги „изгори“ луѓето кои ќе вложуваат против „Tesla“ која не била на годишен профит никогаш во 15-годишната историја и потрошила над 1 милијарда долари кеш во три од последните четири квартали.

„Обемот на „масакрот“ за кратките продавачи ќе биде нереален“, напиша во петокот Маск. „Ако имате кратки позиции, предлагам да ги преместите прстите до излезот …“, посочи тој.

Акциите на „Tesla“ ги обновија загубите кои претрпеа откако Маск им изјави на аналитичарите дека му поставуваат „суви“, „здодевни“ и „глупави“ прашања, откако компанијата ги објави резултатите.

Акциите на „Tesla“ се зголемија за 3 отсто вчера, зголемувајќи ја пазарната капитализација на околу 51,4 милијарди долари. Значи, „Tesla“ повторно го надмина „General Motors Co.“ со пазарна капитализација од околу 190 милиони долари.

Интересот за скратување на акциите на „Tesla“ не запира, а нивниот број се зголеми за околу 400.000 во четвртокот и надминаа 40 милиони акции за прв пат, според „S3 Partners LLC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП