4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилниот евро го попречува BASF

Силниот евро го попречува BASF

Германскиот хемиски концерн „BASF“ има корист во почетокот на годината од неочекувано силниот бизнис со базни хемикалии и нафта и гас.

Меѓутоа, најсилната сопирачка за добрите перформанси е силното евро. Оперативната добивка (EBIT) пред еднократни ефекти расте во првиот квартал со 2% на годишно ниво до 2,5 милијарди евра, објави концернот пред годишното генерално собрание.

Приходите на компанијата со седиште во Лудвигсхафен изнесуваат 16,6 милијарди евра – пад за 1 отсто на годишна основа. Повисоките продажни цени и зголемената вкупна продажба беа целосно компензирани со негативните ефекти од валутата. Така чистата добивка по извозот за трети земји изнесува 1,7 милијарди евра – со 30 милиони евра помалку од пред една година.

Претседателот на Одборот на директори Курт Бок, кој ќе го предаде на крајот на годишното генерално собрание кормилото на својот заменик Мартин Брудермулер, сепак зборува за добар почеток на годината.

„Првото тримесечје беше пријатно“, појасни тој. За целата година менаџерот ги потврди прогнозите на концернот. „Ова ќе е предизвик, бидејќи 2017-та беше многу добра година за „BASF““. Во 2018-та година, продажбата треба да се зголеми малку. Приспособениот профит исто така се очекува да биде малку над нивото од претходната година од 8,3 милијарди евра. Под „малку“, Управниот совет го подразбира зголемувањето до десет проценти.

За слабата минатата година на бизнисот со посебни хемикалии Бок предвидува значително зголемување на резултатот. За сегментот со основните хемикалии кој регистрира рекордни резултати во минатата година, очекувањата се за значителен пад поради зголемената конкуренција. Сепак, барем не постои знак за тоа. Во првиот квартал, бизнисот во оваа дивизија скокна за речиси една петтина. Во сегментот „Функционални материјали и решенија“, во кој влегува и бизнисот со катализатори, автолакови, технолошки вештачки супстанции и производи за градежната индустрија, бизнисот падна за 37 отсто. И бизнисот со земјоделска хемија (Решенија за земјоделството) не се еволуираше добро.

Компанијата има речиси 114.000 вработени. Портфолиото е организирано во пет сегменти: „Хемикалии“, „Функционални производи“, „Функционални материјали и решенија“, „Решенија за земјоделството“ и „Нафта и природен гас“. Во 2017-та година, „BASF“ оствари продажба во вредност од околу 63 милијарди евра. Акциите на „BASF“ се тргуваат на берзите во Франкфурт (BAS), Лондон (BFA) и Цирих (AN).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП