9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCambridge Analytica банкротираше!

Cambridge Analytica банкротираше!

Британската интернет аналитичка компанија „Cambridge Analytica“ соопшти дека ќе прогласи банкрот, откако се најде во центарот на скандалот поради злоупотреба на лични податоци на корисниците на „Facebook“ во политички кампањи.

Компанијата е обвинета дека ги злоупотребила личните податоци на речиси 87 милиони корисници на „Facebook“ и ги споделила со политички клиенти и консултантски фирми. Официјални лица од компанијата наведуваат дека по скандалот ги изгубиле сите клиенти и дека морале да прогласат банкрот.

Портпаролката на „Cambridge Analytica“, Кларенс Мичел изјавви за „ВВС“ дека компанијата во последните неколку месеци била на мета на бројни неосновани обвинувања и покрај обидот да се исправи ситуацијата. Според неа, активностите на „Cambridge Analytica“ не само што не биле нелегални, туку се широко распространети во онлајн огласувањето, како во политичките, така и во комерцијалните арени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП