Акциите на „Intel“ ја зголемија својата вредност со речиси 6 отсто за време на берзанската трговија, откако производителот на чипови генерираше 1 милијарда долари приходи повеќе од очекуваното и ја зголеми прогнозата за остатокот од годината со 4 проценти.
Подобрите перформанси за првиот квартал беа силно зависни од скокот од 24 отсто на приходот во поделбата на центарот за податоци. Таа стана втор столб на бизнисот на „Intel“ по операциите за персоналени компјутери и главениот двигател на нејзиниот раст.
Главниот извршен директор Брајан Крзанич изјави дека податоците се зацврстување на стратегијата на „Intel“, која се потпира на силната диверзификација на нови пазари, за да одговори на растот за користењето на податоци.
Во последната година акциите на „Intel“ ја зголемија цената со над 40 отсто, додека на „Wall Street“ стануваат сè повеќе убедени дека компанијата може да открие голем нов пазар надвор од традиционалниот бизнис со чипови за персонални компјутери, кој се уште носи повеќе од половина од приходите.
За првиот квартал, компанијата оствари приходи од 16,1 милијарди долари, што е за 9 отсто повеќе од претходната година. Заработката по акција порасна за 53 отсто на 93 центи.
Аналитичарите очекуваа компанијата да објави профит од 66 центи по акција и 15,06 милијарди долари во приходи.
Производителот на чипови изјави дека очекува 67,5 милијарди долари приходи за оваа година, што е за 2,5 милијарди долари повеќе во однос на претходната прогноза.