14 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Boeing се зголеми над очекувањата

Профитот на Boeing се зголеми над очекувањата

„Boeing“ објави повисока од очекуваната добивка за првиот квартал од 2018-та година и ја зголеми прогнозата за добивка по акција и готовинскиот тек за целата година благодарение на силна побарувачката на средства за воздушен транспорт, соопштува „Ројтерс“.

Акциите на најголемиот производител на авиони во светот се зголемија за повеќе од 2% во пред-трговијата во средата.

„Boeing“ кој продаде рекордни 763 авиони во минатата година и веќе објави зголемување на испораките во првите три месеци од годината, ја зголеми прогнозата за оперативниот готовински тек за целата 2018-та година до 15,5 милијарди долари наспроти првичните очекувања од 15 милијарди долари.

Друштвото ги ревидираше во насока нагоре и очекувањата за основната заработка по акција до 14,30 – 14,50 долари по акција во однос на претходниот опсег од 13,80 – 14,00 долари.

Испораките на комерцијални авиони на „Boeing“ се зголемиле за 9% во првиот квартал на годината до 184.

Приходите на компанијата се зголемија за 6,5 отсто на 23,38 милијарди долари. Главната оперативна маргина е зголемена за 10,7%, наспроти 8,5% од претходната година. Профитот на компанијата се зголеми на 2,48 милијарди долари, што претставуваше 1,58 милијарди долари од пред една година.

Аналитичарите очекуваа заработка по акција од 2,58 долари и заработка од 22,26 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП