24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M може да ја намали својата дивиденда за прв пат

H&M може да ја намали својата дивиденда за прв пат

„Hennes & Mauritz“ (H&M) најверојатно следната година ќе ја намали дивидендата за прв пат, откако шведскиот моден бренд доживува тешкотии да ги привлече клиентите назад кон своите продавници, коментира „Bloomberg“.

Се очекува компанијата да ја намали дивидендата со 7,5% за фискалната 2018-та година, покажува просечна оценка меѓу 27 аналитичари анкетирани од „Bloomberg“. Ова ќе биде првото намалување откако „H&M“ се појави на берзата во 1974-та година.

Иако „H&M“ успеа да ја задржи својата дивиденда на ниво од 9,75 круни во последниве години, пониската плаќање може да биде неизбежно. Компанијата со седиште во Стокхолм доживува тешкотии да се движи напред во однос префокусирањето на корисниците на онлајн шопинг, зголемените нивоа на инвентар и жестоката конкуренција од синџирите, како „Zara“ на „Inditex“ и „Amazon“, посочуваат аналитичарите.

Еден од нив очекува поголема дивиденда за 2018-та година, 10 други предвидуваат пад, а 16 не мислат дека ќе има промени во политиката. Според аналитичарот на „Credit Suisse Group“, Симон Ирвин, дивидендата дури ќе биде намалена за 30%.

Политиката за дивидендата на „H&M“ е да одвои најмалку половина од својата добивка по даноците на акционерите. Додека го задржува истото ниво на дивиденда во оваа година, „H&M“ минатата година го дистрибуираше речиси целиот свој профит.

Додека „H&M“ ги зголемува трошоците за својата онлајн платформа, можеби нема доволно пари за одржување на слични нивоа на исплати. Аналитичарите, исто така, очекуваат профитот на компанијата да падне за околу 10 отсто во оваа година.

Враќањето на капиталот на шведската компанија се намали за 38% од првиот квартал на 2016-та година и е на најниско ниво од пред 16 години. Во исто време, нивото на долг е на историски максимум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП