24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвие 20 нешта смеете да му ги кажете на вашиот шеф

Овие 20 нешта смеете да му ги кажете на вашиот шеф

Без страв и со почитување кажете му ги на својот надреден овие 20 работи, доколку имате потреба од тоа…

Стресот, роковите, финансиските загуби и големиот куп од задачи се само некои од причините поради кои надредениот може да се однесува поаргесивно и нетолерантно кон вас. Затоа е важно да научите кои реченици смеете да му ги кажее на шефот и на тој начин да му покажете дека и тој треба да го почитува вашиот интегритет.

Во оваа листа постојат и духовити изјави со кои можеби и ќе го насмеете, но со доза на почит и пристоен тон секако дека слободно можете да ги кажете…

1. Немам време сега да го направам тоа, дали може малку подоцна?

2. Не се навредувајте, но сметам дека заслужувам пари за својата работа.

3. Дали ќе го добијам зголемувањето кое ми го ветивте пред една година?

4. Извинете но тоа не е во рамки на мојата работа и не сум сигурен/на дека ќе го направам како што трбеба.

5. Не можам, немам инспирација да го направам тоа денес. Дали може да го оставам за утре ако не е итно?

6. Денес мора да излезам малку порано.

7. Утре малку ќе задоцнам на работа.

8. Не се чувствувавам најдобро, дали може да работам од дома?

9. Дали ќе бидам платен/на за дополнителната работа и прекувремената работа?

10. Го мразам понеделник

11. Го мразам вторник

12. Ја мразам среда

13. Го мразам четврток

14. Но, затоа го обожувам петок

15. Дали може да добијам слободен ден за да завршам некои свои обврски? Ќе го надокнадам пропуштеното време.

16. Дали можам да го планирам својот годишен одмор?

17. Дали можам да го кажам своето мислење, а да не се навредите? Не ми се допаѓа ова.

18. Имам некои сјајни идеи, дали сакате да ги слушнете?

19. Дали вие имате некој проблем со мене па така се однесувате?

20. Не сум задоволна од условите и третманот. Давам отказ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП