16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank по грешка исплати 28 милијарди евра

Deutsche Bank по грешка исплати 28 милијарди евра

Германскиот најголем заемодавач „Deutsche Bank“ призна дека во петокот при рутинска операција, по грешка изврши трансфер од дури 28 милијарди евра, износ поголем и од нејзината пазарна вредност.

Грешката е направена на 16-ти март, кога банката префрли пари на сметка на клиниришката куќа „Eurex“ која е во сопственост на „Deutsche Börse“, стои во изјавата за новинарската агенција „ AFP“ на портпаролот на германската банка.

Имено, банката имала проблем со информатичката технологијата и контрола, а планираниот износ требало да биде многу помал.

Сметководствените грешки се случуваат многу често но сепак во овој случај износот е крајно невообичаен и е поголема од неговата пазарна вредност која е во износ од 24 милијарди евра, истакнува „AFP“.

Грешката е брзо отстранета и не е направена никаква штета, информираат од банката.

Таа сепак го отвара прашањето во врска со системот за управување со ризици и контрола на процесите кои се одвиваат внатре во банката кои требаше да ги подобри поранешниот извршен директор Џон Крајан.

Неговата задача беше да ја реконструира банката од токсичните остатоци при обидите за натпреварување со глобалните гиганти во сегментот на инвестициското банкарство.

„Deutsche Bank“ дури и денес не работи профитабилно и цената на нејзините акции потона во изминатите две години, повеќе од 50 %, од кои 30% во оваа година.

Интерните проблеми на банката се потврдуваат и во отворената најава по повод заминувањето на шефицата на оделот за информатичка технологија и контрола Ким Хамондс, која во текот на нејзината кариера во повеќе наврати банката ја потенцира како „нефункционална компанија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП