25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЦрвеното вино ја зголемува плодноста кај жените

Црвеното вино ја зголемува плодноста кај жените

Резултатите од новата студија која е спроведена во САД покажаа дека жените кои пијат чаша црвено вино неделно имаат поголема плодност отколку жените кои не консумираат вино, а научниците сметаат дека тоа е така поради антиоксидансите со кои изобилува виното.

Во истражувањето учествувале 135 жени на возраст од 18 до 44 години кои во својот дневник запишувале колку вино месечно пијат. Во тој период редовно оделе на ултразвучни прегледи со цел да имаат точни податоци за плодноста.

Резултатите од истражувањата покажаа дека жените кои редовно пијат црвено вино, без оглед на други фактори, имаат подобра „резерва“ во јајниците. Научниците напоменуваат дека овие резултати покажуваат дека во предност се само жените кои пиеле умерени количини на црвено вино, односно пет чаши месечно.

Освен тоа, нагласуваат дека резултатите од ова истражување треба да се земат со резерва бидејќи студијата не покажала дали единствено и исклучиво црвеното вино било одговорно за зголемување на плодноста.

Претседателот на британското друштво за ферилитет Адам Бален изјави за „The Times“ дека истражувањето е интересно, но дека се неопходни и понатамошни истражувања за резултатите од оваа студија да се докажат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП