18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTurkish Airlines објави рекорднo високи резултати

Turkish Airlines објави рекорднo високи резултати

„Turkish Airlines“ постигна рекордни резултати за првиот квартал од годината. Коефициентот на оптоварување (процентот на капацитетот на седишта, кој всушност е продаден и користен), пријавен од страна на авиокомпанијата изнесува 80,5%.

По двоцифрениот пораст на бројот на патници кои патувале со авиокомпанијата во јануари и февруари, нивниот вкупен пораст се зголеми за 24%, достигнувајќи 6 милиони во март. Како резултат на тоа, „Turkish Airlines“ го објави својот најголем коефициент на оптоварување во изминатите пет години за овој период – 82%.

Вкупниот коефициент на оптоварување се зголеми за 6 поени со 13% зголемување на бројот на слободни места по километар. Истовремено, меѓународниот коефициент на оптоварување се зголеми за околу 6 поени, достигнувајќи 81,7%, а домашниот за 84%.

Двоцифрениот пораст на побарувачката (приход по километар), кој започна во јули 2017-та година и продолжи во март, достигна 22%.

Со исклучок на транзитните патници, бројот на патници во странство се зголеми за 28%, важен индикатор за растечкиот интерес во Турција како дестинација.

Во март, превозот на товар/пошта се зголеми за 29% од истиот период во 2017-та година. Северна Америка – раст од 49%, Блискиот Исток – раст од 42%, Африка – раст од 38% и Европа – со 32% раст.

Растот на коефициентот на оптоварување за март е објавен на глобално ниво во сите региони. Видливо зголемување меѓу останатите се гледа во Северна Америка, Централна и Јужна Америка, Африка и Европа со 12 поени, 10 поени, 10 поени и 5 поени, соодветно.

Во првиот квартал порасна и побарувачката и вкупниот број патници што ги користат услугите на „Turkish Airlines“. Зголемувањето изнесува 25% и 29%, соодветно, во споредба со истиот период од минатата година.

Како резултат на тоа, вкупниот број на патници со авиокомпанијата достигна 17 милиони.

Рекордно висок за овој период беше вкупниот коефициент на оптоварување, кој се зголеми за 6,5 процентни поени на 80,5%. Меѓународниот коефициент на оптоварување се зголеми за 7 поени, достигнувајќи 80%, а домашниот за околу 4 до 85%.

Превозот на товар/пошта во текот на овој период се зголеми за 38%, достигнувајќи 312 тони благодарение на високиот раст забележан во март 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП