26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 01.03.2018

Дневен хороскоп 01.03.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Внимавајте некој да не ви даде погрешни информации денес, можно е да се обиде да ве намести. Во љубовта денот е интересен за слободните, бидејќи многу пати ќе бидат насамо со лицето кое им се допаѓа.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денот на работа ќе ви биде напорен, но тоа нема да ве спречи да бидете насмеани. Разгледувајте ги работите од дистанца, не верувајте на се што ќе ви се понуди. Во љубовта оние кои се слободни ќе флертуваат со личноста која им се допаѓа.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Многу е важно да бидете максимално посветени на работата, а надредените да го забележат тоа. Слободните сосема случајно ќе запознаат личност која ќе им пробуди нежни емоции.

 

Рак (22.06 – 22.07)

За потезите на работното место слушајте ја интуицијата. Не дозволувајте било кој да ви ја помати моќта на расудување. Заедно со партнерот ќе уживате во романтичната атмосфера која ќе ја создадете.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можете да очекувате поволен ден на полето за работа, но тоа не значи дека можете да се опуштите. Пред вас се можности преку кои можете да остварите некои свои идеи.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Потребно е да бидете доволно отворени во комуникацијата со своите надредени и да им ставите до знаење што ви е потребно. Во друштвото со пријателите ќе дојдете до интересно познанство со лице со кое можете да остварите емотивна врска.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вие имате многу добра деловна тактика. Ве очекува поволен ден на деловното поле. Ќе ви одговара заедничкиот живот со саканото лице и ќе бидете среќни поради тоа.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не ви се препорачува соработка со лицето кое не го познавате доволно. Можно е да поверувате на некои ветувања кои се без основа. Премногу сте груби кон емотивниот партнер и можете да имате мали кавги поради тоа.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве очекуваат важни финансиски трансакции. Пред вас е малку напорен деловен период во кој исклучително ќе бидете зафатени. Можно е да сте очекувале многу од саканото лице но со време сте увиделе дека тоа не може да исполни се.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не сте фокусирани на работата и можно е да направите грешки. Потрудетете се подобро да ги одредите нештата. Пред вас е фаза во која ќе имате доста емотивни промени.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Можно е вие сосема отворено да се соочите со вашите непријатели или со конкуренцијата. Се ќе решите по кратка постапка. Во љубовта тешко ќе ви биде да ја покажете својата емоција, па поради тоа ќе страдате.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Вашите соработници не можат да ви помогнат буквално во се, па затоа потребно е нешто да одработите сами. Полето за флерт ви е многу нагласено и во текот на денешниот ден слободно ќе флертувате со речиси сите припадници на другиот пол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП