24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГерманците „полудеа“ по Hyundai i30 N (видео)

Германците „полудеа“ по Hyundai i30 N (видео)

Претставниците на брендот „Hyundai“ забележаа дека популарноста на новиот „напумпан“ хечбек „i30 N Perfomance“ ги надмина дури и нивните најголеми очекувања. Серијата „First Edition“, која вклучуваше само 100 примероци, била откупена во Германија само за 48 часа, а до крајот на февруари од „i30 N“ продадени 1.741 примероци, што е за 150% над очекуваното.

Во основната изведба новиот „Hyundai i30 N Perfomance“ се нуди во Германија за 29.800 евра, а со дополнителните опции цената достигнува 32.200. Под хаубата на хечбекот се крие мотор со моќност од 275 „коњи“. Покрај тоа, моделот е опремен со поефикасни сопирачки, електронска диференцијална брава, 19-инчни алуминиумски тркала и гуми „Pirelli P Zero“.

Во исто време, шпионските фотографии на „Hyundai i30 N-Line“ се појавија на интернет за време на неговите најнови тестови. Моделот доби спортски карактеристики и мотор од 200 КС. „Hyundai i30 N-Line“ ќе биде добра опција за оние кои не сакаат да платат за брзини, како кај „i30 N Perfomance“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП