26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал едвај во полуфинале - Пенал во 93. минута спречи ново „италијанско...

Реал едвај во полуфинале – Пенал во 93. минута спречи ново „италијанско чудо“

Тоа што требаше да биде ново „италијанско чудо“ и подвиг на тимот на Јувентус, на крајот испадна меч со контроверзна завршница за кој ќе се говори долго во Италија и во Шпанија.

Јувентус успеа фантастично да се врати по домашниот пораз од 3:0 и да ги „шокира“ Реал на нивниот „Сантијаго Бернабеу“ со 3:0 водство кое траеше до финишот на натпреварот, резултат со кој „бјанконерите“ обезбедуваа барем продолжение.

Наместо тоа, англискиот судија Мајкл Оливер досуди пенал за „кралевите“ во 93. минута од мечот, по што му даде и директен црвен картон на голманот Џанлуиџи Буфон за да го расипе прекрасниот меч и да донесе завршница каква што, веруваме, не посакуваа ниту навивачите на Реал Мадрид.

Од белата точка, Кристијано Роналдо ја продолжи својата голгетерска низа во Лигата на шампионите и ги однесе „Лос бланкос“ во полуфиналето, каде што ги чекаат Баерн Минхен, Рома или Ливерпул.

Во 90-те минути, Јувентус покажа фантастична игра, борбеност и упорност, и со головите на Марио Манџукиќ и на Матиуди го поставија тимот на Зидан во позиција на аутсајдер на својот стадион. Завршницата расипа сè.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП