26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо пенал-драмата, Пелистер ќе го брани трофејот од Купот на Македонија

По пенал-драмата, Пелистер ќе го брани трофејот од Купот на Македонија

Пелистер ќе се обиде да ја одбрани титулата од Купот на Македонија против моќната Шкендија кога по изведувањето на пеналите го мина домашниот тим на Академија Пандев.

Пелистерци во Струмица дојдоа со 2:1 предност по првиот натпревар, но исцрпени по драмата со труењето со храна во текот на викендот и кога Марковски во 62. минута стрелаше за водство на гостите, изгледаше дека работата е завршена.

Меѓутоа, тогаш „академците“ направија вистински пресврт. Првин Атанаскоски во 73. минута израмни на 1:1, за Крстовски во 90. минута да принуди продолженија бидејќи резултатот беше идентичен како тој во Битола. Во пенал-серијата Академија промаши дури пет пенали за 3:2 победа на Пелистер.

Во финалето „зелените“ ќе играат со Шкендија, која претходно со 2:0 го совлада тимот на Ренова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП