27 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИGoogle се подготвува да купи дел од бизнисот на Nokia

Google се подготвува да купи дел од бизнисот на Nokia

Технолошкиот гигант „Google“ преговара за купување на бизнисот на „Nokia“ за широкопојасен интернет во авиони, објави „Bloomberg“, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.

Технологијата на „Nokia“ може да му помогне на „Google“ да понуди побрза алтернатива на постојниот безжичен интернет во авионите. Според „Bloomberg“, преговорите се веќе напреднати и наскоро може да се постигне договор.

Конечната одлука се уште не е донесена и компаниите сè уште имаат можност да се откажат од договорот.

Од „Google“ не одговорија веднаш не дадоа коментар во врска со прашањата, а портпаролот на „Nokia“ одби да коментира.

Системот на „Nokia“ создава директна врска помеѓу авионот и земјата, овозможувајќи брза интернет конекција во кабината користејќи безжичен интернет, според веб-страницата на компанијата.

Интернетот во кабината на авионите е еден од проблемите на потрошувачите со години поради слабите врски во моментот на располагање. Сепак, патниците често плаќаат солидни суми за да добијат каква било поврзаност. Ова е можност за бизнис и шанса за „Google“ да ги прошири своите услуги.

Овој потег може да создаде силен нов конкурент на „Gogo“, кој веќе нуди интернет во леталата. Како резултат на вестите, акциите на „Gogo“ загубија 4 отсто од нивната вредност.

Оние од „Alphabet“, матичната компанија на „Google“, објавија пораст од 1,6% во цената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП