19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрвата жртва на ,,војната“ : Ова ќе го уништи светскиот гигант?

Првата жртва на ,,војната“ : Ова ќе го уништи светскиот гигант?

Изјавата за воведување на 25% тарифи на американските авиони од страна на Кина ќе предизвика удар на компанијата ,,Boeing”, која е најголемиот американски извозник.

,,Тоа ќе му даде предност на ривалот ,,Airbus” и на пазарот кој би требало да стане најголем во светот, изјавува агенцијата „Bloomberg”.

Пекинг како одговор на царините на кинеските производи кои ги воведе САД, најави воведување на царини на авионите со тежина од 15.000 кг. и 45.000 кг. вклучуваќи ги и патничките авиони ,,Boeing 737”.

Кина, која би требало до 2022-ра да ја надмине САД и да стане најголемиот светски пазар за авиони во светот, е од суштинско значење за производителот од Чикаго.

Имено, повеќе од 50% од комерцијалните авиони кои се користат во Кина, ги има произведено ,,Boeing”, а повеќе од една четвртина од нив при испорака биле испратени во Азија во минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП