17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон се соочува со првиот посериозен штрајк во земјата

Макрон се соочува со првиот посериозен штрајк во земјата

Транспортниот штрајк на државната железничка компанија „SNCF“ во Франција продолжува веќе втор ден, а студентите ги блокираа универзитети низ целата земја, за да ја проверат решителноста на францускиот претседател Емануел Макрон да ја реформира француската економија, пишува „Bloomberg“.

Околу еден на седум брзи возови се движеа денеска, еден од пет регионални возови и околу еден на три патнички возови во Париз. „Eurostar“ поништи пет возови во секоја насока меѓу Лондон и Париз. Штрајкот ќе заврши во четврток наутро, но ќе се обнови за четири дена, ако не се постигне напредок во преговорите меѓу синдикатите и владата.

Протестите се насочени против укинувањето на специјалниот железничарски статус кај нововработените, условите за отворање кон конкуренцијата и трансформирање на компанијата во друштво со ограничена одговорност, што според синдикатите отвора патот за идна приватизација.

„Не го разбирам овој штрајк“, изјави Жулиен Денорманди, министер за територијален развој, на телевизијата „BFM“. „Реформата која ја извршуваме, има за цел да обезбеди јавна услуга, а не да ја поткопува. Сите знаат дека цените се зголемија, а квалитетот е намален“, рече тој.

Во прва година Макрон ја протурка либерализацијата на трудовото законодавство и ги намали даноците на капиталот, а сега има намера да ги преиспита бенефициите за невработеност, поедноставување на системите за пензионирање во Франција и да ги забрза парламентарните процедури. Протестите против претходните мерки на Макрон беа „срамежливи“ и брзо завршија, но сега се чини дека е поразлично.

Следниот штрајк започнува од 20 часот во сабота, 7-ми април, и ќе трае до 8 часот наутро во вторник, 10-ти април. Синдикатите планираат серија на дводневни протести на секои пет дена до јуни, кои ќе бидат откажани при напредок во преговорите.

Министерот за финансии на Франција, Бруно Ле Мер изјави дека е премногу рано да се процени какво влијание би имале штрајковите врз економијата.

Француските штрајкови генерално се неуспешни во последните 20 години. Синдикатите не успеаја да го запрат претседателот Никола Саркози да ја зголеми возраста за пензионирање во 2010-та година, ниту Франсоа Оланд кој го олесни отпуштањето на вработените во 2016-та година.

Но спомените се уште „свежи“ од 1995-та година, кога серијата на масовни штрајкови ја принудија Владата да се откаже од вишокот во социјалниот и пензискиот систем на земјата. Исто така, студентските протести во 1968-ма година во Париз доведоа до граѓански и работнички немири кои постигнаа земјата да стагнира и речиси предизвикаа уставна криза.

Јавното мислење е поделено за овој спор. Истражувањето на „Ifop“ објавено викендов, покажува дека 46% сметаат дека штрајкот е оправдан, а според 53% дека тоа не е така.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП