16 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПредавање со прошетка низ изложбата на Борко Лазески во Даутпашиниот амам

Предавање со прошетка низ изложбата на Борко Лазески во Даутпашиниот амам

Во просториите на Националната галерија на Македонија, објект Даутпашин амам, утре (3 април), со почеток во 19 часот, ќе се одржи предавање со прошетка низ изложбата „Борко Лазески – 100 години од раѓањето“ со историчарот на уметност, Кирил Пенушлиски.

На предавањето публиката ќе може директно да се запознае поблиску со делото и творештвото на големиот Борко Лазески и во интеракција со доктор Пенушлиски да дознае нешто повеќе за овој великан на македонската уметност.

Изложбата „Борко Лазески 1917-1993“, на која се претставени шеесетина дела од речиси сите творечки фази на авторот, беше поставена во рамките на програмските активности на Националната галерија на Македонија за одбележување еден век од раѓањето на најпознатиот македонски монументалист и втемелувач на витражот во Македонија. Изложбата содржи оригинални дела од помал формат и фотографии од монументите на Лазески, како и досега реставрираните скици од неговата „Фреска за НОБ“, која до земјотресот во 1963 стоела во холот на старата железничка станица во Скопје.

Како што истакнуваат од Националната галерија на Македонија, изложбата предизвикала огромен интерес кај нашата публика, но и кај претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија и пошироко во регионот, кои, како што се вели во соопштението од оваа институција, веднаш го препознале значењето на овој македонски уметник кој се образувал и творел во ателјето на големиот Андре Лот.

Воедно, кураторот на изложбата на Лазески, Маја Чанкуловска-Михајловска, информира дека таа ќе може да се види уште неколку дена, односно до 5 април годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП