4 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајпосакуваните компании за работа во Германија

Најпосакуваните компании за работа во Германија

Од компании за трговијата на мало до консултантски компании, Германија има најразлични индустрии во кој човек може да работи, а според најновата листа на „LinkedIn“ технолошкиот сектор е еден од најбараните.

Во рангирањето за 2018-та година од „LinkedIn“ се најдоа 25-те најдобри компании за работа во Германија, анализирајќи ги работите како нивото на задржување на вработените, остварувањето на лицата кои бараат работа, интереси и слично.

За да ја подготви својата листа на најпосакуваните компании за работа во големите држави, од „LinkedIn“ собрале податоци од над 546 милиони корисници, од кои над 11 милиони се од регионот на Германија, Австрија и Швајцарија.

Еве ги 10-те најатрактивни компании за работа во Германија според рангирањето:

1. McKinsey & Company

Нуди услуги во областа на менаџмент консалтингот, па „McKinsey“ ја развива дејноста во 120 града во светот и има околу 14.000 консултанти во различни сфери – од лекари, инженери и претприемачи. Кога станува збор за персоналот, „McKinsey“ отворено признава дека луѓето се најголемата сила на компанијата.

2. Alphabet Inc.

Најголемата поделба на „Alphabet Inc.“, „Google“, не само што го контролира најголемиот дел од пазарот за пребарување на Интернет, туку и привлекува високо потенцијални вработени. Според „LinkedIn“, „Google“ добива 1,1 милион апликации годишно.

Во „Google“ има голем број можности за работа – од правни и финансиски позиции до дизајн, продажба и инженеринг. Како компанија, сепак, „Google“ бара да ангажира луѓе со свежи идеи и искуство во нивните тимови. Покрај „Google“, „Alphabet Inc.“ поседува и голем број други компании, вклучувајќи ги и „Calico“ и „DeepMind“.

3. Amazon

Во 2018-та година гигантот во сферата на трговија „Amazon“ е популарна во листите на најпосакуваните работодавачи на „LinkedIn“. Компанијата се рангира на прво место во САД и во првите 10 во Велика Британија, Канада, Индија и Германија. Опишани како „компанија на пионери“, „Amazon“ во моментов има над 540.000 вработени и нуди голем број привилегии, па германските службеници имаат право попусти за шопинг, како и да добиваат помош во однос на здравството и финансиските прашања.

4. Huawei Technologies

Производите на компанијата со седиште во Кина, „Huawei Technologies“ може да се најдат во повеќе од 170 држави, а од компанијата велат дека секојдневно опслужуваат една третина од населението на светот. Кога станува збор за корпоративна култура, компанијата е посветена на тоа да промовира млад тим играчи да преземат повеќе одговорности и да се искачуваат во корпоративната хиерархија. Во моментов, компанијата има околу 180.000 вработени.

5. Boston Consulting Group

Глобалната консултантска компанија „BCG“ цели да ги ангажира најсоодветните вработени за да може да „ги предизвикува воспоставените норми на размислување и да создава трансформации“. Со канцеларии во 50 земји во светот „BCG“ има 14.000 вработени и може да се пофали со партнерства со компании како „TED“, „Bill & Melinda Gates Foundation“, „WEF“ и Светскиот фонд за дива природа.

6. Salesforce

Работниот дух во оваа компанија се базира на неколку вредности како иновации, раст, доверба, еднаквост, успех на клиентите и транспарентност. Групата се стреми да им обезбеди на своите 30.000 вработени рамноправни плати и привилегии кои вклучуваат простории за медитација и седум дена дополнителен годишен одмор за учество како волонтери во различни важни каузи.

7. HERE Technologies

Визијата на оваа компанија е да обезбеди „автономен свет за секого“. Компанијата со седиште во Амстердам е основана во 1985-та година, кога сакаше да распореди системи за навигација на автомобили. Денес таа се здружи со водечките автопроизводители што според компанијата значи дека таа обезбедува 80% од навигациските системи во автомобилите во Европа и Северна Америка.

Нејзините над 8.000 вработени во 54 земји ја делат заедничката желба да создадат понапредна иднина во однос на локациските технологии.

8. Merck

Германската „Merck Group“, која се смета за најстара хемиска и фармацевтска компанија во светот, има над 52.000 вработени. Таа нуди различни привилегии за своите вработени, вклучувајќи карти за фитнес, консултации со психолог и попусти за облека, патувања и електроника.

9. Deloitte

„Deloitte“ има 263.900 вработени во 150 земји. За групата, развојот на вештините на вработените е клучен. Компанијата вели дека луѓето се „причината зошто одличната служба за корисници е заштитен знак на „Deloitte““.

Кога станува збор за привилегиите на вработените во Германија, тие добиваат кредитна картичка од „Deloitte“, осигурување, користење на службен телефон за лични цели и изнајмување на автомобили.

10. Zalando

Другата компанија за е-трговија, која е меѓу првите десет е „Zalando“. Таа нуди онлајн трговија на облека и обезбедува повеќе од 2.000 брендови во 15 земји.

„Zalando“ има над 14.000 вработени кои имаат право на 40% попуст на цените на продадената облека. Тие исто така имаат пристап до свежо овошје и пијалоци на дневна основа и можат да уживаат во дополнително отсуство за волонтирање. Минатата година, компанијата се рангираше на прво место во германското рангирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП