26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQantas Airways ќе го реализира првиот директен лет од Велика Британија до...

Qantas Airways ќе го реализира првиот директен лет од Велика Британија до Австралија

Во 1935-та година, летот од Австралија до Лондон траеше речиси 13. Одбележувајќи ја главната пресвртница во авијацијата во сабота, „Qantas Airways“ ќе го помине ова растојание за 17 часа.

Летот од 14.498 километри од Перт, еден од најизолираните градови во светот, е првиот директен меѓу двата континента, потенцира „Bloomberg“. Така финансискиот центар на Европа е на еден „сон“ оддалеченост од главниот град на суровините во Австралија и на стотици компании во секторот, вклучувајќи ги „BHP Billiton“ и „Rio Tinto Group“, кои се застапени и во Австралија, и во Велика Британија.

За „Qantas“ врската со Перт е сериозен тест за планираната мрежа од ултрадалечни растојанија со кои авиокомпанија се надева да го покрие светот до 2022-ра година, а за да успее, правците треба да не подлегнуваат на циклусите од падови и подеми кај суровините кои често влијаат на Западна Австралија. И „Qantas“, исто така, исто така и се потребни бизнис патници кои сакаат да платат за пократок директен лет до Лондон, наместо да прават трансфери во Азија или на Блискиот Исток.

Главниот извршен директор на „Qantas“, Алан Џојс смета дека може да заработи пари од секојдневната услуга до Лондон преку отстранување на вишокот тежина од „Boeing Dreamliner“ и полни летала со „богати патници“. Околу една третина од 236 седишта во авионот се бизнис или премиум економска класа. За споредба, тоа е помалку од една четвртина од седиштата на „Airbus SE A380“ за летот Лондон-Сингапур се од овој сегмент.

Меѓутоа, не сите се убедени за комерцијалната иднина на маршутата.

Авион од Перт за Лондон ќе треба да привлекува патници од цела Австралија, вели Влодимир Билоткач, виш предавач по економија во „Newcastle University“ во Велика Британија и автор на книгата „The Economics of Airlines“. Но, лет од Сиднеј до Лондон преку Перт спасува малку време за пренос во Азија или Персискиот Залив. И за патниците кои патуваат од Перт кон континентална Европа, врската низ Блискиот Исток ќе биде попогодна, додаде тој.

„Услугата Перт-Лондон изгледа повеќе како „ПР“-трик, отколку како алатка за мрежно поврзување“, рече тој.

Според портпаролот на „Qantas“ во Сиднеј, Ендрју МакГинес резервациите за нов пат „се силни“ и корпоративните клиенти во источна Австралија сигнализираат дека би застанале во Перт за состаноци, пред да отпатуваат за Лондон. „Пазарот е многу конкурентен, но летот е единствен“, вели тој.

Бизнис летот од Перт до Лондон со „Qantas“ во средината на јуни ќе чини 6.614 австралиски долари (5.121 американски долари). За споредба, трасата преку Сингапур со „Singapore Airlines“ ќе додаде два и пол часа на патот, но ќе чини само 4843 австриски долари, според податоците на „Webjet“.

„Qantas“ постави предизвик пред „Boeing“ и „Airbus“ да создадат авион до 2022-ра година, кој може да го помине растојанието од Сиднеј до Лондон без запирање. Успехот на услугата од Перт до Лондон ќе ги постави темелите за уште подолги рути во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП