25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTencent загуби за еден ден повеќе од 26 милијарди долари од пазарната...

Tencent загуби за еден ден повеќе од 26 милијарди долари од пазарната капитализација

„Tencent Holdings“ загуби над 26 милијарди долари од пазарната капитализација, откако предупреди дека ќе ги жртвува краткорочните маргини, за да вложи средства во содржина и технологија за да дојдат до раст, соопштува „Bloomberg“.

Акциите на компанијата поевтинија со 5% во Хонг Конг, најголемиот пад за последниот месец, бришејќи дел од добивката, која ја постави меѓу најдобрите компании во светот во последните десет години.

Компанијата со седиште во Шенжен планира да продолжи да вложува средства во области кои се движат од вештачка интелигенција до видео содржини, и соопшти дека тоа може да има огромна улога врз приносот и во краток рок, но ќе донесе раст на долг рок. Интернет гигантот соопшти дека неговите нето приходи речиси се дуплирани до 20,8 милијарди јуани (3,3 милијарди долари) во трите месеци до декември, така што ги надминуваат проценките на аналитичарите.

Бизнисите на „Tencent“ гравитираат главно околу нејзините големи социјални мрежи „WeChat“ и „QQ“, преку кои над една милијарда луѓе добиваат пристап до игри, вести и онлајн забава, додека плаќаат за повеќе услуги од реалниот свет.

Сега главниот извршен директор на компанијата Ма Хуатон се стреми да земе поголемо парче од рекламниот „колач“, во кој доминира „Alibaba Group Holding“, а во исто време се инвестира во нови области како финансии, трговија на мало и компјутерски системи.

„„Tencent“ треба да инвестира во нов бизнис, тоа ќе и помогне на компанијата да изгради подобар екосистем кој да го поддржи растот, но ќе влијае врз маржите во краток рок“, вели аналитичарот Бенџамин Ву од консултантска компанија „Pacific Epoch“.

По објавувањето на резултатите, аналитичарите од „Credit Suisse“ и „Citigroup“ ги намалија своите прогнози за добивката на „Tencent“. Сепак, гигантот за социјално вмрежување е една од најпродуктивните компании во индексот „Hang Seng“ во минатата година, речиси двојно повеќе од неговата вредност.

Профитот на „Tencent“ за кварталот вклучуваше и приходите од 7,9 милијарди јуани главно благодарение на „ИПО“ на компаниите „Sea“, „Sogou“ и „Yixin Group“. Ова се само три од 600-те компании во кои „Tencent“ инвестира. Приходите за кварталот се зголемија за 51 отсто на 66,4 милијарди јуани, но малку подолу од проектираните 68,6 милијарди јуани.

Приходите од услугите со додадена вредност, кои ги вклучуваат онлајн игрите и апликациите за испраќање пораки, се зголемиле за 37%, но продажбата на онлајн реклами се зголеми многу побрзо, со цели 49%.

Трошоците сепак исто се зголемиле со 72% заради купување на видео и музички содржини за задржување на корисниците пред екранот и инвестициите во нов бизнис, како облачните услуги.

Раководството на компанијата пред новинарите изјавиле дека трошењето е од суштинско значење на долг рок.

„Затоа, во 2018-та година, планираме да ги зголемиме нашите инвестиции во голем број клучни области. Тие можат да се одразат негативно на профитабилноста на краток рок, но ќе генерираат на долгорочна вредност и нови можности за раст за нас“, рече претседателот на компанијата Мартин Ло.

Тој додаде дека делот „Tencent Music“ е најзаслужен за сопствено „IPO“, а Ма изјави дека може да се разгледа листот на акции на „Tencent“ на берзата во копнена Кина, ако политичките услови се добри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП