10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Lufthansa оствари раст од 70 отсто во 2017-та и покрај...

Профитот на Lufthansa оствари раст од 70 отсто во 2017-та и покрај пропаѓањето на Air Berlin

Профитот на германската авиокомпанија „Lufthansa“ драстично скокна во минатата година, кога нејзиниот најголем национален конкурент пропадна.

Оперативната добивка порасна за 70% во 2017-та година до 2,97 милијарди евра, соопшти „Bloomberg“, откако недостатокот на достапни авиони по стечајот на „Air Berlin“ доведе до зголемување на цените на билетите.

Ова, заедно со купувањето на „Brussels Airlines“, им помогна на приходите на „Lufthansa“ да растат најбрзо темпо по седум години.

Сепак, растот на профитот ќе се забави оваа година, по три последователни рекордни години, бидејќи „Lufthansa“ прогнозира недостаток, оставен од „Air Berlin“, да се пополни побрзо од нискатарифните превозници, како „EasyJet“ и „Ryanair“.

Нискобуџетните авиокомпании го користат случајот за да влезат во Германија, каде што немаат таква пенетрација, како и во другите европски пазари.

Оперативната добивка ќе падне малку оваа година, соопшти компанијата, поради зголемените трошоци за гориво.

Германската авиокомпанија обновува некои од долгите летови од Берлин и ја зголемува флотата на нискобуџетната „Eurowings“, со што ќе гопополни вакумот создаден од пропаднатата „Air Berlin“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП