18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Во светот на технологијата сè уште доминираат мажи

График на денот: Во светот на технологијата сè уште доминираат мажи

Меѓународниот ден на жената се одбележува секоја година на 8-ми март, за да се подигне свеста за правата на жените, еднаквоста, безбедноста и правдата. Во минатата година Обединетите нации го прославија Меѓународниот ден на жената под официјалното мото „Жените во менување на светот на трудот: Планета 50-50 до 2030-та година“.

Јасно е што се подразбира – постигнување еднаквост (особено во плата) во овој период.

Иако технолошката индустрија е склона да се гордее со промената на пазарот на труд, технолошкиот сектор всушност е далеку од постигнување на еднаквост меѓу половите, особено во споредба со економијата на САД како целина. Додека уделот на жените од вкупната работна сила на САД постепено се искачи до 46,8% во текот на последните децении, тој се уште е значително помал во технолошкиот сектор.

Како што покажува графикот на „Statista“, според извештаите за разновидноста на различни технолошки концерни жените сочинуваат помеѓу 26% (Microsoft) и 43% (Netflix) од вработените во големите технолошки компании, а уделот се намалува сериозно, кога станува збор за вистинските технолошки работни места.

Од гледна точка на лидерски позиции статусот на жените во технолошкиот сектор, претставен во табелата од осум компании, е приближно еднаков на оној кај останатиот дел од економијата. Во 2015-та година жените заземаат 25% од извршните, вишите и менаџерските позиции во компаниите од „S & P 500“ – партиција која одговара, но во некои случаи се и надминува од технолошката индустрија, но се уште е далеку од паритет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП