26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПовторно се повреди ѕвездата на Вориорс (видео)

Повторно се повреди ѕвездата на Вориорс (видео)

Плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ја обновил повредата на скочниот зголб поради што ќе пропушти неколку натпревари.

Кари се повредил во текот на натпреварот помеѓу Голден Стејт и Сан Антонио Спарс што Вориорси го добија 110:107.

Еден од најдобрите шутери во историјата на лигата теренот го напушти по само две минути игра.

„Секогаш сте загрижени кога Кари ќе го повреди зглобот. Толку пати му се случило тоа што веднаш по неговата реакција знаете дали може да продолжи или не“, рече сограчот на Кари, Дрејмонд Грин, кој против Сан Антонио забележа трипл-дабл (11 поени, 12 скока, 10 асистенции).

Кари истиот зглоб го повреди минатата недела на натпреварот во Атланта, а исти проблеми имаше и во декември минатата година, поради што отуствуваше од терените три недели.

Голден Стејт без Кари ќе биде на натпреварите со Портланд и Минесота.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП