18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSnap ќе отпушти околу 100 инженери

Snap ќе отпушти околу 100 инженери

„Snap Inc.“, производителот на популарната мобилна апликација „Snapchat“, ќе отпушти околу 100 инженери, што претставува речиси 10 проценти од тимот, одбјави „CNBC“, цитирајќи ги своите извори.

Компанијата презеде во последниве месеци помали кругови на отпуштања во своите одделенија за маркетинг, регрутирање и содржини. На пример, во јануари, американската интернет компанија намали повеќе од 20 лица од својот тим во Њујорк и Лондон. Половина од нив работеа на производство на содржини. Овој потег се случува во време кога социјалната мрежа ги консолидира овие операции во Лос Анџелес.

Сегашните намалувања ќе бидат најголемите намалувања на персоналот на „Snap“ и првото што ќе влијае на инженерите на компанијата.

Минатиот месец компанијата претстави редизајн на својата иновативна апликација за испраќање фотографии. Редизајнирањето ги одделува содржините на издавачите од содржината испратена од пријатели и разни линкови.

„Snap“ објави дека имала околу 3.000 вработени на крајот на декември и во својот прв годишен извештај до регулаторите изјави дека очекува раст на персоналот да продолжи во догледна иднина.

Од компанијата одбиваат да го коментираат ова прашање од „CNBC“.

Матичната компанија на „Snapchat“ се бори со жестоката конкуренција на својот поголем конкурент, „Instagram“, сопственост на „Facebook“ и копирањето на некои од неговите карактеристики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП