6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAXA купува конкурент во мега-договор за осигурителниот сектор

AXA купува конкурент во мега-договор за осигурителниот сектор

Вториот по големина осигурител во Европа „AXA“ го купува свој конкурент „XL Group“ со седиште во Бермуда за 15,3 милијарди долари, создавајќи според него светски лидер во осигурувањето на имот и несреќи, соопштува „Ројтерс“.

Француската компанија понуди 57,60 долари за „XL“, што е за 33 отсто повеќе од завршната цена во петокот. Како резултат на купувањето профитот од осигурување на имот и против несреќи ќе претставува повеќе од половина од нејзината вкупна добивка од 39% во моментов.

„XL“ ја прифатила понудата, а „AXA“ кој е втор по големина осигурител во Европа по пазарна капитализација по германската „Allianz“, има намера да ја тргне „XL“ од берзата. Според француската компанија, трансакцијата ќе биде финансирана од кредит, пари и приходи од ИПО-то од бизнисот во САД.

Осигурениците се насочуваат кон превземања, за да го зајакнат бизнисот, станувајќи против потешките прописи и падот на повратот од инвестициите на финансискиот пазар. Договорот со „АХА“ се случува само еден месец откако „American International Group“ објави дека го купува конкурентот „Validus“ за околу 5,6 милијарди долари.

Акциите на „АХА“ поевтинија за 6,9% до 23,33 долари наутро, бидејќи според некои аналитичари трансакцијата е премногу скапа. Главниот извршен директор Томас Бјоберл изјави дека купувањето ќе и овозможи на „АХА“ да доминира на глобалниот пазар на осигурување на имот и против несреќи и да се намали изложеноста кон нестабилноста на финансиските пазари.

„Ние ќе бидеме број еден во комерцијалното осигурување“, рече тој на прес-конференцијата во Париз.

Компанијата очекува купувањето на „XL“ да доведе до синергија од околу 400 милиони долари годишно.

Француската компанија ги потврди и финансиските цели за 2020-та година, според кои „АХА“ цели да го зголеми профитот на акција со 3% до 7% годишно во периодот 2016-2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП