10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBayer може да добие одобрение од ЕК за купување на Monsanto

Bayer може да добие одобрение од ЕК за купување на Monsanto

Германскиот производител на лекови и хемикалии „Bayer“ ќе добие условно одобрение од страна на европските антимонополски регулатори за трансакцијата за купување на американскиот производител на семиња, пестициди и хербициди „Monsanto“ за 62,5 милијарди долари, соопштува „Ројтерс“.

Договорот е последниот од низата спојувања во агробизнисот во последниве години и ќе создаде компанија со удел од повеќе од една четвртина од светскиот пазар на семиња и пестициди.

„Bayer“ веќе вети дека ќе продаде одредени средства од бизнисот со семиња и хербициди за 5,9 милијарди евра на „BASF“, за да одговори на регулаторните грижи на ЕУ.

Претходно „Bayer“ изјави дека како дополнителна мерка ќе ја преземе продажбата на бизнисот со растителни семиња.

Европската комисија, која се очекува да ја објави својата одлука за договорот пред крајниот рок на 5-ти април, одби да коментира.

Од „Bayer“ исто одбија да коментираат, велејќи дека продолжуваат со конструктивниот дијалог со европскиот регулатор.

Зделката предизвика критики од страна на еколозите и некои земјоделски групи, загрижени за пазарното влијание.

„Bayer“ и „Monsanto“ договорија спојување во септември 2016-та година, по неколкумесечните преговори, во рамките на кои германскиот концерн на неколку пати ја зголеми понудата.

Ако зделката се финализира, новата компанија ќе има 140.000 вработени низ целиот свет, а комбинираните нејзините приходи само од земјоделството ќе изнесуваат 23 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП