24 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИИнвестицискиот фонд на SoftBank бара компании во Европа

Инвестицискиот фонд на SoftBank бара компании во Европа

Инвестицискиот фонд на јапонската група „SoftBank“ – „SoftBank Vision Fund“, бара повеќе европски компании, кои ќе станат дел од нејзиното портфолио на компании во кои инвестира, изјави главниот извршен директор на фондот Раџев Мисра за време на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, цитиран од списанието „Mobile Live Daily“.

Мисра посочи дека само две од 30-те компании во портфолиото на фондот се базирани во Европа – платформата „Auto1“ и компанијата за облачни симулации „Improbable“.

„Голем број компании се присутни во Европа“, рече Мисра, посочувајќи го примерот со услугата за заедничко споделување на патувањата – „Uber“. Но, седиштето на мнозинството компании се наоѓа во земји како САД, Кина и Индија.

Европа „бара поголема критична маса во однос на бројот на ментори во смисла на изградба на екосистеми“, објаснува Мисра.

Според него, „SoftBank Vision Fund“ нуди добра можност за компаниите во Европа (и пошироко) да пристапат до глобалните корисници. Плановите на фондот се да се зголеми портфолиото на компанијата до над 70 во наредните години.

„Vision Fund“ најчесто бара компании кои се пазарни лидери и им даваат јасни придобивки на потрошувачите.

Мисра ги посочи компаниите за споделено патување „Didi Chuxing“ и „Uber“, како примери и коментира дека тие можат да го прошират својот бизнис и во други сектори, вклучувајќи во испораката на храна.

Според зборовите на Мисра, „Vision Fund“ им овозможува на своите компании да се натпреваруваат на глобално ниво.

„Ние не сакаме активно да се ангажираме во управувањето со овие компании. Ги среќаваме секој месец и ги уверуваме дека стоиме зад нив“, рече тој.

„Vision Fund“ обично зема помеѓу 20% и 30% од компаниите и нуди поддршка за околу 12 години, наместо да бара „рана продажба“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП