среда, 7 декември 2022
ПочетнаКОМПАНИИAmazon ќе плати парична казна за 4.000 прекршувања на законот

Amazon ќе плати парична казна за 4.000 прекршувања на законот

Американската компанија за е-трговија „ Amazon.com“ ќе исплати 1,2 милиони долари за да стави крај на судскиот процес во кој е обвинета за речиси 4.000 наводни прекршувања на американскиот закон.

Потегот на компанијата е поврзан со нејзиниот обид да се спречи штетната изложеност на пестициди преку нелегална продажба, според американската Агенција за заштита на животната средина (EPA), цитиран од Ројтерс.

„Amazon“ се согласи внимателно да ги следи и отстрани незаконските производи од пестициди од својата веб-страница, во обид „значително да го намали бројот на незаконски пестициди достапни преку онлајн продавницата“, велат од „EPA“.

Агенцијата вели дека прекршувањата на „Amazon“ се поврзани со продажба и дистрибуција на увезените производи за пестициди и инсектициди кои не се лиценцирани за продажба во САД.

„Amazon“ тврди дека други трговци ги продаваат производите преку нејзината платформа.

Ед Ковалски, извршен директор на „EPA“ за регионот, кој го вклучува седиштето на „Amazon“ во Сиетл, тврди дека трговецот ги чувал, пакувал, снабдувал и заработил од производите.

„Amazon“ веднаш да отстрани производите од својата веб-страница, забранувајќи ги проблематичните странски трговци да продаваат пестициди, и да почне да ја следи својата веб-страница за нелегални пестициди, велат од „EPA“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП