11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДортмунд го возвраќа ударот, ги сака Манџукиќ и Шакири

Дортмунд го возвраќа ударот, ги сака Манџукиќ и Шакири

sakiri

Борусија Дортмунд загуби од Баерн Минхен во финалето од Лигата на шампионите, но не планира да ја загуби битката и на трансфер пазарот. Баварците веќе го купија Марио Гетце и речиси сигурно ќе го сторат истото и со Роберт Левандовски, но „жолто-црните“ се подготвени со одмазднички потег.

Според германските медиуми Борусија ќе упати понуди за Марио Манџукиќ и Џердан Шакири. Идејата е едниот од нив да биде вклучен како адут во трансферот на Полјакот, а другиот да биде купен со дел од 37-те милиони кои ги добија за договорот на Гетце.

Логично е да се очекува новиот тренер на „Алијанц Арена“, Пеп Гвардиола да одбие да се раздели со Хрватот и Швајцарецот. Од Манџукиќ и Шакири се очекува да се дел од иднината на клубот, а и беа купени пред само една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП