10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИExpedia продолжува да ги разочарува инвеститорите

Expedia продолжува да ги разочарува инвеститорите

Американската онлајн туристичка компанија „Expedia” не успеа да ги исполни очекувањата на аналитичарите за нивната квартална добивка поради повисоките маркетинг трошоци. Веста доведе до намалување на цената на нејзините акции со 15% во текот на берзанската трговија во четвротокот. Во прелиминарната сесија во петкот загубата се зголеми до над 17%.

Компанијата, која вклучува марките „Expedia.com“, „Hotels.com“ и „Hotwire“, изјави дека трошоците за продажба и маркетинг се зголемуваат со 16 отсто до 1,12 милијарди долари во четвртиот квартал.

„Оваа година не заврши како што беше планирано од финансиска перспектива“, изјави извршниот директор на Марк Окерстром.

За 2018-та година, „Expedia“ предвидува дека трошоците за маркетинг и продажба ќе продолжат да го надминуваат растот на приходите.

Тоа е првиот целосен квартал под водство на Окерстром, кој ја наследи функцијата од Дара Косровшахи, откако си замина и стана извршен директор на компанијата за споделено патување „Uber Technologies“ во минатата година.

Корегираната заработка на „Expedia“ достигна 84 центи по акција во четвртиот квартал. Тоа е под очекувањата на аналитичарите од 1,15 долари по акција, според „Томсон Ројтерс I / B / E / S“.

Бизнисот „HomeAway“ за изнајмување домови, кој се натпреварува со „Airbnb“, забележа 16% зголемување на приходите на 193 милиони долари во текот на извештајниот период. Просечната проценка на аналитичарите изнесува 225,4 милиони долари.

Извештајот на „Expedia“ за претходниот квартал е фрустрирачки за инвеститорите, иако ги опфаќаат и проблемите од страна на деструктивните урагани во Атлантскиот Океан, кои придонесоа за лошите резултати на компанијата.

„Trivago“ во која „Expedia“ е мнозински сопственик, забележа повисока од очекуваната загуба за четвртиот квартал, откако платформата за пребарување на хотели потрошила повеќе за маркетинг и продажба.

„Expedia“ објави дека бруто резервациите се зголемиле за 13,6 отсто на 19,8 милијарди долари.

Нето добивката падна на 55,2 милиони долари или 35 центи по акција, од 79,5 милиони долари или 51 центи по акција, од пред една година.

Приходите се зголемија на 2,32 милијарди долари во трите месеци што завршија на 31-ви декември, од 2,09 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП