28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИL'Oreal ја зголемува дивидендата

L’Oreal ја зголемува дивидендата

Францускиот козметички концерн „L’Oreal“ оствари многу успешна 2017-та година. Компанијата објави значително повисока добивка и затоа сака да се заблагодари на акционерите со повисока дивиденда.

Нето добивката се зголемува со над 15% до речиси 3,6 милијарди евра, објави француската компанија, цитирана од „DPA“. Дивидендата ќе се зголеми за 7,6 отсто на 3,55 евра по акција.

Приходите сепак се зголемуваат сосема благо со 0,7 отсто до 26 милијарди евра, што беше во рамките на очекуваното од аналитичарите.

Францускиот концерн има корист првенствено од бизнисот со луксузна козметика, кој минатата година забележа раст од 10% – посилен пораст од општото за пазарот. Луксузниот сегмент е подобар во Азија.

Кај класичните производи растот се забавува – тука „L’Oreal“ се среќава со тешкотии во САД и на домашниот пазар, појасни извршниот директор на компанијата Жан-Пол Агон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП