3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesco се соочува со ризик за компензација од 4 милијарди фунти поради...

Tesco се соочува со ризик за компензација од 4 милијарди фунти поради нееднаква плата

„Tesco“ е соочена со ризик да плати надомест во износ од 4 милијарди фунти (5,6 милијарди долари) за нееднаква плата за мажите и жените во компанијата, пренесоа агенциите, повикувајќи се на адвокатската компанија која започнала судска постапка.

„Tesco“ е најголемиот британски трговец на мало и најголем работодавач во приватниот сектор во Велика Британија со повеќе од 310.000 вработени.

Адвокатската канцеларија „Leigh Day“ соопшти дека илјадници припадници на „Tesco“ кои работат во дистрибутивни центри се претежно мажи, се платени значително подобро од продавниците на „Tesco“, каде работат претежно жени.

Персоналот на дистрибутивен центар може да заработува над 11 фунти на час (15,4 долари), додека во продавниците средната плата е околу 8 фунти на час. Неусогласеноста може да доведе до тоа работник со полно работно време да заработува по 100 фунти повеќе во една недела, или 5 илјади фунти годишно, во споредба со вработена во продавниците на пример.

Според проценките на адвокатите, може да бидат повредени повеќе од 200.000 вработени, што би можело „Tesco“ да ја чини 4 милијарди фунти.

Портпаролот на „Tesco“ одбил да коментира за оваа тема, наведувајќи дека компанијата не е запознаена со споменатата тужба.

„„Tesco“ отсекогаш бил место за луѓето да се развиваат во нивните кариери, без оглед на нивниот пол, позадина и образование. Работиме напорно за да сме сигурни дека трудот на сите наши колеги е праведно платен и еднакво распределен според работата што ја вршат“, изјави портпаролот на трговецот на мало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП