25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon веќе вреди повеќе од Microsoft

Amazon веќе вреди повеќе од Microsoft

За прв пат во својата корпоративна историја, „Amazon“ чини повеќе од „Microsoft“, што ја прави третата најскапа компанија во САД.

Пазарната капитализација на „Amazon“ достигна 685 милијарди долари, надминувајќи ги 684-те милијарди долари на „Microsoft“, објави „CNN“.

Па така поскапи од компанијата на најбогатиот човек во светот, Џеф Безос се само „Apple“ и „Alphabet“ (сопственик на „Google“), чија пазарна капитализација изнесува 815 милијарди долари и 750 милијарди долари соодветно.

Трите компании продолжуваат да се натпреваруваат во остварувањето на пазарна вредност од 1.000 милијарда долари – нешто што ниту една американската компанија не го направила досега.

„Amazon“ е во многу силен период. Акциите на компанијата се зголемија за речиси 21 отсто од почетокот на оваа година – нешто што ниту „Alphabet“, ниту „Microsoft“ не може да се пофали. Акциите на „ Apple “ поевтинија на годишна основа.

Додека на корпоративно ниво „Amazon“ го надмина „Microsoft“ дури сега, тогаш уште минатата година основачот на гигантот во електронската трговија Џеф Безос го надмина коосновачот на софтверската компанија Бил Гејтс како најбогат човек во светот, покажуваат податоците на „Forbes“ и „Bloomberg“.

Состојбата на Безос во моментов достигнува 116 милијарди долари, што е за 25 милијарди долари повеќе од тоа на Гејтс.

Извршниот директор на „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет и основачот на „Facebook“, Марк Цукерберг се трети и четврти на листата на најбогатите луѓе во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП