6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Allergan расте благодарение на Botox

Профитот на Allergan расте благодарение на Botox

Фармацевтската компанија „Allergan“ објави подобри од очекуваните приходи за кварталот во позадината на силна побарувачката на „Botox“ и соопшти дека нејзиниот лек против мигрена ги исполнил основните цели во финалната фаза од клиничките истражувања, пренесува „Ројтерс“.

Податоците веројатно ќе ја смират загриженоста на некои инвеститори во време кога „Allergan“ се соочува со закана од конкуренција од генерички производители.

Акциите на компанијата, кои изгубија речиси една петтина од својата вредност во минатата година, се зголемија малку пред да почне берзата.

Приходите од подажби на „Botox“ пораснале за речиси 17% до 864,3 милиони долари во четвртиот квартал, до 31-ви декември, што е повеќе од предвидените 778,2 милиони долари, покажуваат податоците на „Thomson Reuters I/B/E/S“. Продажбата на капки за очи на „Retazis“ се зголеми за скоро 1% на 414,9 милиони долари од проектираните 388,6 милиони долари.

„Allergan“ објави дека пациентите кои го примале нејзиниот лек против мигрена, добиле олеснување на болката по два часа и не ги чувствувале симптомите на болеста, што одговара на основните цели на првиот од двата планирани клинички истражувања.

Компанијата со седиште во Даблин која се очекува да ги објави податоците од втората студија во првата половина на 2018-та година, објави дека ќе поднесе барање за дозвола за пуштање на пазарот на лекот против мигрена „Ubrogepant“ дури догодина.

Тој припаѓа во класата лекови развиени од конкурентските компании како што се „Eli Lilly“, „Amgen“ и „Alder Biopharmaceuticals“, кои го напаѓаат протеинот на „GGRP“, асоциран со сигнализација за болка.

Од „Allergan“ велат дека забележале бонус од околу 2,8 милијарди долари во четвртиот квартал до 31-ви декември поради американската даночна реформа, што и помогнала да оствари профит по шест последователни четвртини од загубите.

Нето приходот изнесуваше 3,05 милијарди долари, или 8,88 долари по акција, во последниот квартал, наспроти загубата од 70,2 милиони долари или 0,20 долари по акција една година порано.

Нето-приходите на компанијата се зголемија за 12 отсто на 4,33 милијарди долари, што е над очекувањата на аналитичарите од 4,28 милијарди долари. Компанијата, исто така, предвидува заработка по акција помеѓу 15,25 и 16 долари во 2018-та година, иако аналитичарите очекуваат профит од 15,50 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП