26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФејсбук ќе ги забрани рекламите поврзани со криптовалути

Фејсбук ќе ги забрани рекламите поврзани со криптовалути

Социјалната мрежа Фејсбук ќе ги забрани сите реклами кои промовираат крипто-валути, вклучувајќи го и биткоинот, со цел да се спречи рекламирање на „финансиски производи и услуги кои многу често се поврзуваат со лажни ветувања“.

Ова значи дека никој, дури и луѓето со целосно легитимни професии, нема да може на социјалната мрежа да промовираат работи поврзани со биткоин, криптовалути и иницијални понуди за дигитални валути.

Рекламите кои ја нарушуваат новата политика на компанијата ќе бидат забранети на Фејсбук, но исто така и на други места каде што оваа социјална мрежа продава огласи, како на пример Инстаграм.

„Новите правила се намерно со поширок опфат за да имаме време да смислиме подобар начин за откривање на лажни реклами кои се обидуваат да ги измамат луѓето“, напиша во посебна објава, Роб Ледерн, една од технички директорки за реклами на Фејсбук.

Ненадејниот пораст на вредноста на многу крипто-валути доведе до појава на измами, а големите флуктуации во нивната вредност многумина оставија без пари.

Од друга страна, измамата е незаконска, но работата со инвестиции кои воопшто не ги разбирате – не е

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП