20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоголемиот број нарачки ги „турна“ нагоре резултатите на Philips

Поголемиот број нарачки ги „турна“ нагоре резултатите на Philips

Холандската компанија за технологија во областа на здравството „Philips“ објави дека приходите од нејзината продажба за четвртиот квартал се зголеми за 5% до 5,3 милијарди евра (6,55 милијарди долари) благодарение на растот на нарачки за „high-end“ опрема за болници, пишува „CNBC“.

Нарачките на компанијата пораснаа за 7 отсто, а зголемувањето на продажбата е во согласност со очекувањата на аналитичарите анкетирани од „Ројтерс“.

„Со нашите силни нарачки, ние сме убедени дека ќе ги постигнеме нашите среднорочни цели за оваа година“, коментира извршниот директор на „Philips“, Франс ван Хутен.

Растот на приходите од продажба се крена значително во последниот квартал на 2017-та година, достигнувајќи 4% за годината што одговара на амбицијата на „Philips“ за годишен раст од 4-6%.

Четвртиот квартален скок за купувања бил највисок во Северна Америка и Канада, каде што болниците се стекнале со нови медицински скенери и машини што се користеле за време на операциите.

Ова доведе до пораст на продажбата од 6% за Одделението за дијагностицирање и третман.

Од „Philips“ рекоа дека нејзината прилагодена заработка пред оданочување, интерес и амортизација се зголеми за 9 отсто во четвртиот квартал на 884 милиони евра. Нето профитот скокна за 40 отсто на 899 милиони евра.

Профитната маргина се зголеми за 110 базични поени во 2017-та година на 12,1% од продажбата. Таа ја надмина сопствената цел на компанијата од 10%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП