20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVeloster N му се „заканува“ на Golf GTI (видео)

Veloster N му се „заканува“ на Golf GTI (видео)

Јужнокорејскиот гигант „Hyundai“ ги „предизвикува“ најголемите автомобилски производители, а со новиот модел „Veloster“ директно го „напаѓа“ оној најголемиот – „Volkswagen“.

Компанијата од Сеул не ги крие дека со својот нов модел сака да го предизвика апсолутниот владател меѓу хечбек возилата – „Golf“.

Покрај тоа, „Hyundai“ го „напаѓа“ германскиот гигант таму каде што е најмоќен, во спортскиот сегмент „хот хечбек“, и тврди дека „Veloster N“ е подобар на патеката, а во истовреме и поинтересен за возење од „Golf GTI“.

„Веројатно постојат „GTI“ верзии кои се прилагодени за на патека, но доколку го земете стандардниот „GTI“, тоа не е случај. Ние со „N“ сакаме да одговориме на условите на патеката, тоа да му биде главнот карактер, а исто така и интересен за возање. „GTI“ е одличен автомобил, но по два круга повеќе не е интересен“, амбициозно одоговори директорот на „N“ дивизијата во „Hyundai“, Алберт Бирман.

Стандардниот „Veloster“ доаѓа со 1,6-литарски бензинец и дизел од 128 KS (при 6.300 вртежи), oдносно 138 KS (6.300 вртежи) и 157 Nm (при 4.850 вртежи), oдносно 167 Nm (при 4.850).

Тука е и „Veloster Turbo“ со 1.6-литарскиот четирицилиндарски мотор кој доаѓа во опсег од 183 до 201 KS (при 5.500 вртежи) и 265 Nm (во опсег од 1.500 до 4.500 вртежи).

Тој пристигнува со шестстепен мануелен или седумстепен автоматик со двојно квачило, двата развиени во „Hyundai“.

Најмоќната верзија за која зборувавме е „Veloster N“ со 2.0-литарски четирицилиндарски со турбо полнач кој поседува 275 KS и 352 Nm во опсег од 1.450 до 4.700 вртежи.

Само за споредба, актуелниот „Golf GTI“ има 220-230 KS и 350 Nm, но најавениот модел за следната година ќе располага со агрегати кои ќе имаат 250 и 300 KS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП