17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSanofi продолжува со големи аквизиции со договор вреден 3,9 милијарди евра

Sanofi продолжува со големи аквизиции со договор вреден 3,9 милијарди евра

Францускиот производител на лекови „Sanofi“ ја купува белгиската биотехнолошка компанија „Ablynx“ за сума од 3,9 милијарди евра, победувајќи го значително понискиот предлог на данската „Novo Nordisk“.

Ова е втора голема зделка за „Sanofi“ од почетокот на годината по купувањето на „Bioverativ“ во минатата недела и претставува последователно забрзување на активностите за спојувања и превземања во светскиот биотехнолошки сектор, за кој аналитичарите предвидуваат дарежлива година, посочува агенцијата „Ројтерс“.

Договорот е случува по одбивањето на „Ablynx“ да биде купена од „Novo Nordisk“ за 2,6 милијарди евра.

Француската компанија соопшти дека ќе плати 45 евра по акција – премија од 21,2 отсто над неговата цена по затворањето во петокот.

„Со „Ablynx“ ние продолжуваме да напредуваме во нашата стратегија за транфромирането на нашата научна и развојна дејност и продлабочување во сферата на ретки крвни болести“, посочи извршниот диретор на „Sanofi“, Оливие Брандикур.

Во минатата недела стана јасно дека неговата компанија го купува експертот во истражувањето и третманот на хемофилија „Bioverativ“ за 11,6 милијарди долари – најголемата трансакција на „Sanofi“ за последните седум години.

Од француската компанија посочија дека нивната последна трансакција ќе има позитивен ефект за акционерите и на долг рок, но нема да се одрази врз профитот за акција во 2018-та година и 2019-та година.

„Sanofi“ е еден од најголемите партнери на „Ablynx“, но со купување на компанијата веќе ќе има пристап до едно од највредните нејзините средства – експерименталниот лек „Caplacizumab“ кој се користи во третманот на ретки крвни болести. Според Брандикур лекот ќе го додаде во линијата на производи на компанијата по аквизицијата на „Bioverativ“ и договорот за добивање на правата на лекот „Fitusiran“ од „Alnylam“.

Во 2016-та година, францускиот производител го загуби наддавањето за лекот „Medivation“ за третман на рак на сметка на американскиот „Pfizer“. Тој ја пропушти и можноста да ја купи и швајцарската биотехнолошка компанија „Actelion“ која беше купена од „Johnson & Johnson“ во минатата година.

Акциите на „Sanofi“ не претрпеа големи промени по веста дека француската компанија плаќа многу повеќе за „Ablynx“ од предлогот на „Novo Nordisk“ пред неколку недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП