2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса полека се откажува од младинците

Барса полека се откажува од младинците

barsaa2

Кадрите од пионерско-младинските школи на Барселона веќе не се приоритет на првиот тим, пишува весникот “АС”. Статијата на овој весник се однесува на статистиката и ретките одиграни минути на фудбалерите како Тиаго Алкантара, Марк Бартра и Мартин Монтоја.

Тиаго не успеа да игра во 60 проценти од натпреварите на „каталонците“ и со тоа му се намали клаузулата за откуп на 18 милиони евра.

Real Zaragoza v FC Barcelona - La Liga

„По Европското првенство (за младинци) ќе видиме што ќе се случи”, изјави Тиаго денес на прашањето за неговата иднина, затоа што неговиот број „11“ веќе го зема најновото засилување на тимот Бразилецот Нејмар.

Мартин Монтоја стигна до националниот тим на Шпанија, но во последната сезона одигра само 14 првенствени натпревари. Централниот дефанзивец Бартра кој играше против Баерн Минхен, не доби доверба во дуелите од Примера кога дел од дефанзивците беа повредени.

Barcelona FC v Malaga CF - Copa del Rey Quarter Final

Оваа сезона само Телјо стекна солидна минутажа, а дури постигна и голови за тимот од „Ноу Камп“.

Купувањето на Нејмар исто така ги затвора опциите за настап на малдите фудбалери во нападот. Жерард Деулофеу речиси сигурно ќе замине во друг клуб, а Серхио Роберто и Рафа Алкантара најверојатно ќе играат уште една година во вториот тим. Според „АС“ во лицето на Тито Виланова кадрите од „Ла Масија“ не гледаат перспектива за сопствениот развој во првиот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП