20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРазочарувачки квартални резултати на Colgate-Palmolive

Разочарувачки квартални резултати на Colgate-Palmolive

„Colgate-Palmolive“, американска козметичка компанија, објави послаба продажба и послаб раст, како и пад на добивката поради надоместоците што треба да ги плати поради промените во американскиот закон за данок.

Акцијата на најголемиот светски производител на паста за заби опаѓа за 3 отсто на 74,90 долари во претходна трговија.

Компанијата соопшти дека приходите од продажбата пораснале за 4,5 отсто на 3,9 милијарди долари во четвртиот квартал, кој заврши на 31-ви декември. Аналитичарите предвидуваат просечно 3,92 милијарди долари според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Нето добивката се намали на 323 милиони долари или 37 центи по акција, од 606 милиони долари или 68 центи по акција.

Поради американските даночни промени, компанијата мора да плати 275 милиони долари.

Профитот, со исклучок на надоместоците, изнесува 75 центи по акција, како што е и прогнозата на аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП